дома Македонија Мицкоски избега од пратенички прашања затоа што нема одговори, вели Филипче

Мицкоски избега од пратенички прашања затоа што нема одговори, вели Филипче

Според лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче,
вчерашните случувања за време на пленарната седница се последица на прекршување на Деловникот за работа, а пратеничката Илире Даути ги искористила механизамите за да добие одговор на поставеното прашање.
– Факт беше дека Деловникот е прекршен, пратеничка не добила одговор во рок од 20 дена, одлучи да ја блокира говорницата за да добие одговор и таа го доби одговорот. Нејзиното барање звучи логично, ги искористи механизмите. После тоа пратеничката доби одговор, и стигна писмен одговор, па потоа презема Весна Бендевска која изрежира проблем, оцени денеска Филипче на брифинг со новинарите.
Вели дека Мицкоски бега од пратеничките прашања затоа што нема одговори, а за Собранието вели дека одамна не ја извршува својата функција.
– Законите се носат по скратена постапка, се прекршува Деловникот, а сега се злоупотребуваат и процедуралните механизми за да се избегне парламентарната контрола на Владата. Пратеничките прашања се сериозен демократски инструмент и никој нема право да го обезвреднува нивното значење, рече Филипче пред новинарите.
ПредходнаБројот на заболени од западно-нилска треска расте, тројца во критична состојба
СледнаОпозицијата најавува жешка есен во Собранието, интерпелации за Стоилковиќ и Гаши