дома Бизнис Најголемиот руски сајт за онлајн трговија цел на украински напад (ВИДЕО)

Најголемиот руски сајт за онлајн трговија цел на украински напад (ВИДЕО)

Голем пожар избувна во логистичкиот центар на рускиот сајт за онлајн трговија „Вајлдберис“ во местото Новосемејкино во реонот на градот Самара, објави московска „Правда“.

„Вајлдберис“ официјално потврди дека пожарот во нивниот објект е резултат на украински напад со дронови.

Логистичкиот центар во Новосемејкино, кој беше отворен во мај 2025 година, се простира на површина од околу 130.000 квадратни метри. Складиштето може да прими до 120 милиони артикли.

Руски медиуми објавија аматерски снимки од пожарот на кои се гледа густ чад над складиштето. На некои од се гледа и како се урива дел од складиштето.

„Вајлдберис“, кој е најголем руска сајт за онлајн трговија, уште е познат и како „руски Амазон“.

Нападот врз складиштето е дел од серијата украински напади врз цел во Русија во текот на минатата ноќ. Цели на овие напади извршени со дронови во неколку руски региони, меѓу другите беа и рафинеријата за нафта во Саратов и воениот аеродром во Енгелс.

ПредходнаСкара во „Гиро Хаус“ во Лептокарија се запалила, пожарот е изгаснат
СледнаПитер О’Тул сам си го избрал 2 август за свој роденден