Од 2 август во Европската Унија стапија нови правила за откривање на професионалната употреба на генерирана вештачка интелигенција.
Новите правила се применуваат во случаи кога:
- Содржината може да се толкува како реални луѓе, места, настани
- Текстот за прашања од јавен интерес не е прегледан од лице
- Корисникот комуницира со чет-бот
Како што соопшти Европскиот парамент во објава на социјалните мрежи согласно новите правила се предвидува создавање икони за ознаки, воведување кодекс за примена и изработка на упатство.
From 2 August, EU rules require disclosure of the professional use of generative AI if:
🔹Content can be mistaken for real people, places, events
🔹Text on matters of public interest had no human review
🔹User is interacting with a chatbot📷AI Modified-©nejdetduzen/Adobe Stock pic.twitter.com/ERs99hbSKg
— European Parliament (@Europarl_EN) August 2, 2026
Одредбите кои се предвидени со Законот за вештачка интелигенција на ЕУ ги обврзуваат
компаниите што создаваат или користат содржина генерирана од вештачка интелигенција да мора јасно да ја означат за да можат корисниците да знаат дека станува збор за такви содржини.
Целта на овие правила е да се осигура дека Европејците ќе можат веднаш да знаат дали некоја онлајн содржина е вистинска или лажна.
Сеопфатниот Закон за вештачка интелигенција на ЕУ стапува на сила во фази. Од вчера, компаниите мора да обезбедат нивните системи за вештачка интелигенција, како што се четботовите, јасно да им стават до знаење на корисниците дека станува збор за вештачка интелигенција или кога слика или текст е креиран со употреба на вештачка интелигенција, мора да има етикета што го кажува тоа.
Ова може да се направи со интегрирање на водени жигови и други маркери за да се овозможи лесно откривање на содржина генерирана од вештачка интелигенција. Фирмите се соочуваат со големи казни ако не се придржуваат до новите правила.




