Дрон се урна во центарот за сортирање на компанијата „Вајлдберис“ во Тулската област, при што едно лице е повредено, објави гувернерот на регионот Дмитриј Милјаев.

„Нашиот регион повторно стана цел на украински дронови. Дронот се урна во центарот за сортирање „Вајлдберис“, кој потоа се запали“, напиша Милјаев во објава на платформата „Макс“, пренесува РИА Новости.
Според него, службите за итни случаи работат на местото на настанот, а пожарникарите го гаснат пожарот.
Според прелиминарните информации, нема жртви.
На повреденото лице му е укажана медицинска помош.
Две станбени згради во Веневската област и два индустриски објекти во Новомосковската и Узловските области се исто така оштетени како резултат на нападот со дронот.



