дома Свет Дрон со експлозив забележана на аеродромот во Лајпциг, веројатна цел украински авион

Дрон со експлозив забележана на аеродромот во Лајпциг, веројатна цел украински авион

Аеродромот во германскиот град Лајпциг минатата ноќ ги откажа сите летови, откако во близина на украински товарен авион од типот Антонов бил регистриран дрон опремен со експлозиви и детонатор.

Инцидентот го потврди и НАТО соопштувајќи дека летовите на аеродромот биле суспендирани поради безбедносен инцидент.

Покрај забележаниот дром, во близина на пистата на јужниот дел на аеродромот е пронајден сомнителен предмет. Предметот бил прегледан од полицијата, која користела робот за отстранување експлозиви.

По ова неколку авиони, вклучувајќи и еден патнички, биле пренасочени кон други аеродроми.

Полицијата истражува дали постои врска помеѓу неидентификуваниот летачки објект и сомнителниот предмет, нагласувајќи дека сепак нема непосредна закана.

Германските медиуми јавија дека северниот дел од аеродромот е отворен рано изутринава, додека јужниот дел, каде се уште трае истрагата, останал затворен.

Аеродромот во Лајпциг игра значајна улога во транспортот на воена опрема, особено за потребите на германската војска и сојузниците на НАТО, а служи и како база за флотата на украинската транспортна авиокомпанија „Антонов Ерлајнс“. Аеродром е и седиште на европскиот центар за сортирање на „ДХЛ Експрес“.

Инаку, ова не се првите безбедносни инциденти на аеродромот во Лајпциг во последниве месеци. Во јули 2024 година, пакет се запали во објект на ДХЛ пред да биде натоварен во авион. Шефот на германската разузнавачка агенција обвини дека зад инцидентот стои Москва.

Во септември 2025 година, кинески државјанин беше осуден за шпионажа затоа што му дал на поранешен асистент на екстремно десничарски пратеник информации за летови, товар и патници на аеродромот, вклучително и информации за транспорт на воена опрема и луѓе „со врски со германска компанија за оружје“.

 

ПредходнаДел од Фалкон 9 на SpaceX ќе се урне на Месечината
СледнаГром погоди двајца Белгијци на француските Пиринеи