Скопјанец возел пијан и направил сообраќајна незгода удирајќи во друго возило при што е причинета материјална штета.
Полицијата соопшти дека вчера во 17 часот е приведен И.А.Л.(34) од Скопје кој во 15:10 часот на ул.„Пролет“ со патничко возило „матиз“ удрил во возило „хонда“ управувано од Д.П.(20) од Скопје.

Полициските службеници констатирале дека И.А.Л. возел под дејство на алкохол, односно му биле измерени 3,29 промили во крвта.
За настанот е известен јавен обвинител, а возилото било одземено. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.




