Момче од Македонија кое било на летување во Турција се повредило на тобоган и утре ќе биде транспортирано назад во земјава. Момчето при пад од тобоганот се здобило со скршеница на вратен пршлен.
За неговиот транспорт ќе биде ангажиран владиниот авион. Момчето ќе биде донесено со тим на лекари од Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ).




