дома Македонија Политика ДУИ: Скандалозен и неприфатлив притисок од Влен врз правдата

ДУИ: Скандалозен и неприфатлив притисок од Влен врз правдата

  Денес, целата јавност е скандализирана од реакцијата на партијата Влен и нивното прозивање на обвинителството. Меѓународната заедница континуирано известува за притисокот на владата врз обвинителството и судовите, додека Влен јавно го потврди ова сомневање денес, стои во соопштението на ДУИ, што МИА го пренесува интегрално.

ДУИ: Скандалозен и неприфатлив притисок од Влен врз правдатаИзвештајот на Европската Унија предупредува како никогаш досега за политичко мешање во владеењето на правото.

Обвинителството и судовите мора да одлучуваат врз основа на докази, а не врз основа на политички и партиски директиви.

Селективна партиска правда не им е потребна ниту на граѓаните ниту на Северна Македонија.

ДУИ ја изнесе оваа загриженост пред меѓународните пријатели, вклучително и денешната изјава на Влен.

ДУИ повикува на европска, неселективна правда.

Обвинителите ја носат одговорноста и мора да одлучуваат врз основа на закон, докази, вештачења, а не врз основа на партиски наредби и желби.

Влен се обидува да ја камуфлира својата неспособност и целосен неуспех со политички прогон и притисок врз обвинителството.

Нека Влен почне од своите редови, како на пример Изет Меџити и Висар Ганиу за над 250 милиони евра штета со незаконски градби, Бурим Латифи за над 19 милиони евра штета на буџетот, Недим Рама и други злосторници од нивните редови.

ПредходнаИталија го има првиот автомат за самопослужување на сувомеснати производи
СледнаСДСМ оддаде почит на македонските бранители кои загинаа кај Карпалак