Приведен е возач од Арачиново кој учествувал во предизвикувањето на сообраќајката во Радишани во која загина 19-годишниот мотоциклист.
За време на вршење на увидот и по преземени мерки и обезбеден видео запис дојдено е до сознание дека во предизвикување на несреќата, но без физички контакт, учествува и патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки, по што возачот го напуштил местото без да им укаже помош на повредените.

– По дополнително преземени мерки, околу 19:40 часот во с.Арачиново, скопско, пронајдено е возилото и возачот С.О.(46) од с.Арачиново. Тој е лишен од слобода, спроведен е во полициска станица и со него е извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информира денес МВР.
Во сообраќајката загина 19-годишниот Н.М. од село Побожје, а возачот на „алфа ромео“ со италијански таблички, управувано од С.Б.(47) од Скопје со привремен престој во Скопје се здобил со повреди.




