Комбе со македонски таблички утрово се запалило во близина на патот кон Кемиштај, Албанија. Возилото превезувало товар со пилиња од Македонија.

Возачот на комбето го забележал пожарот, а противпожарната служба интервенирала на гаснење на пожарот, но причинета е поголема материјална штета. Покрај оштетувањата на комбето, угинати се и голем дел од стоката што е превезена.
Според првичните проценки на противпожарната служба од Лушња, пожарот започнал како последица на технички дефект во системот за климатизација во задниот дел каде што бил товарот.




