Повеќето луѓе ја мијат косата на вообичаениот начин – ја мократ, ставаат шампон, ја плакнат и сушат. Но, Јапонките имаат сосема друга метода – третманот на косата кај нив започнува многу пред да почнат да ја мијат.
Целиот ритуал почнува со масажа на скалпот за што одвојуваат од три до пет минути. Прават нежни движења на скалпот со врвовите на прстите без да ги користат ноктите и без силно притискање. Овој чекор помага во отстранувањето на изумрените клетки на кожата, ја поттикнува циркулацијата и го подготвува скалпот за миење.

Пред да се нанесе шампонот на косата, може да се нанесе некакво масло (кокосово, рицинусово или арганово) и се остава да делува некоја минута. Потребни се само неколку капки.
Јапонките не нанесуваат шампон директно на косата, туку ставаат од шампонот на рацете и потоа го ставаат на косата. Прават нежни и кружни движења на скалпот додека пената не се распореди на целата коса.




