Денеска се одбележуваат 25 години од масакрот кај месноста Љуботенски бачила во 2001 година кога загинаа осум припадници на резервниот состав на Армијата, а исто толку беа повредени.

По тој повод цвеќе пред спомен обележјата ќе положи делегација од Генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана предводена од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски.
На 10 август 2001 година околу 8 часот наутро кај месноста Љуботенски бачила на околу 5 километри од селото, камион на Армијата полн со муниција налетува на две нагазни мини при што загинаа осум војници од резервниот состав. Веднаш по нападот почнува неколкучасовна престрелка меѓу ОНА и втората чета на Третиот баталјон.




