дома Македонија Општество На денешен ден пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната...

На денешен ден пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“

На 11 август 1992 година, неполна година по прогласувањето на независноста, Собранието ги утврди два од клучните државни симболи на Македонија – знамето и химната „Денес над Македонија“.

Со тогашниот Закон за знамето беше утврдена црвена основа со златно-жолто сонце составено од осум основни и осум споредни зраци, односно вкупно 16. Законот бил изгласан на 11 август, а објавен во „Службен весник“ следниот ден.

Тоа знаме стана еден од најпрепознатливите симболи на независна Македонија во првите години од нејзиното постоење, но неговата употреба траеше само до 1995 година. Тогаш беше воведено сегашното знаме – црвено со златно-жолто сонце и осум зраци кои се протегаат до рабовите.

За разлика од знамето, химната усвоена во 1992 година остана непроменета.

„Денес над Македонија“, со текст на Владо Малески и музика на Тодор Скаловски, и претходно се користела како химна на Македонија, а на 11 август 1992 година била потврдена како химна на независната држава.

Усвојувањето на државните симболи следуваше по референдумот за независност од 8 септември 1991 година и донесувањето на новиот Устав во ноември истата година, во период кога Македонија го заокружуваше институционалното оформување како независна држава.

ПредходнаВозачите заглавени во правилото 90/180, превозниците од регионот се собираат во Скопје
СледнаСРЦЕ ДОЛГО 4 км “Трчаме со срце за секое дете“