дома Македонија И Агенцијата за медиумски услуги бара итно постапување за заканите кон Ризаов

И Агенцијата за медиумски услуги бара итно постапување за заканите кон Ризаов

Денес и Агенцијата за аудиовизуелни и медиумски услуги реагираше во однос на заканите упатени до новинарот Ерол Ризаов.
Според Агенцијата, пораките во кои се повикува и на елиминирање и смрт на новинарот ја наметнува потребата од соодветно постапување од страна на надлежните институции, во рамките на нивните законски надлежности.
– Заканите за физичко насилство, повиците за нанесување повреда или одземање живот, како и ширењето нетрпеливост и навреди врз етничка основа, не се дел од легитимната јавна дебата и не смеат да се релативизираат или нормализираат. Агенцијата апелира за одговорно користење на јавниот простор и за почитување на достоинството, безбедноста и професионалниот интегритет на новинарите, како предуслови за слободно, независно и плуралистичко медиумско опкружување, велат од Агенцијата.

ПредходнаНападнале 14-годишник и се обиделе да му земат пари, приведени двајца малолетници