Директорот на телевизијата „Алсат-М“, Лирим Хајредини, денеска е најден мртов пред трговскиот центар ТЦ „Мавровка“ во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).Во трговскиот центар се наоѓа и телевизијата АлсатМ во која на таа позиција е 16 години.
Хајредини беше оперативен директор на првата национална телевизизија на албански јазик „Алсат-М“. (Фото: Фејсбук)
„Денеска околу 09.25 часот во СВР Скопје е пријавено дека пред зграда на булевар Крсте Мисирков во Скопје има лице со повреди. Полициски службеници од полициската станица Бит Пазар излегле на местото на настанот и констатирано е дека лицето е Л. Х. (38) од Скопје, кое починало од здобиените повреди, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Известен е јавен обвинител и во тек е увид на местото на настанот“, велат од МВР.
Повеќе детали за случајот се очекуваат по официјалното соопштение на полицијата и завршувањето на предвидените постапки.




