Со гаранција од 508 илјади евра укинат му е притворот на поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија Илчо Ѓорѓиевски. Одредени му се мерки на претпазливост односно одземена му е патната исправа и ќе мора да се јавува во суд.
– Одлуките се донесени по позитивно мислење дадено од Обвинителството, велат од Кривичниот суд.
Ѓорѓиевски беше уапсен во јуни годинава под сомнение за финансиски малверзации.




