дома Македонија Телефонски броеви на кои може да се обратат македонски државјани заглавени на...

Телефонски броеви на кои може да се обратат македонски државјани заглавени на Халкидики

Министерството за надворешни работи апелира до македонските граѓани кои се наоѓаат во погодените подрачја со пожарите во Грција ако имаат потреба од помош да се обратат на телефонскиот број +389 75 268 736, на електронската адреса globalsos@mfa.gov.mk, како и на дежурните телефонски броеви на Конзулатот на Република Северна Македонија во Солун: +30 694 526 8068 и +389 71 323 001.

– Воедно, ги потсетуваме македонските државјани кои се наоѓаат во засегнатите подрачја внимателно да ја следат состојбата и да ги почитуваат упатствата и насоките на надлежните локални власти, велат од Министерството за надворешни работи.

Од Министерството велат дека со внимание ја следат актуелната состојба со пожарите во Грција, преку своето дипломатско-конзуларно претставништво во Солун и во комуникација со надлежните грчки институции.

Голем шумски пожар денеска го зафати подрачјето на туристичкото место Сивири на првиот крак на Халкидики. Пожарот е ставен под контрола, но во текот на денот огнената стихија принуди масовна евакуација на жителите и туристите кои беа извлекувани по воден пат.

ПредходнаЕвакуирани туристи и жители од Сивири каде беснее шумски пожар
СледнаСпасени куќите во Лознани, пожарот ставен под контрола