дома Локално Најавени прскања против комарци, Даниловски вели тигрестиот комарец не се уништува со...

Најавени прскања против комарци, Даниловски вели тигрестиот комарец не се уништува со аеропрскање

Македонија има еден смртен случај и 26 регистрирани случаи на западнонилска треска. Здравствените власти прогласија епидемија во неколку скопски општини и најавуваат вонредни прскања, но епидемиологот Драган Даниловски предупредува дека тигрестиот комарец се наоѓа ниско и дека не може да се уништи со авионско прскање.

Аеропрскањето не значи ништо во ситуација кога имаме тигрести комарци сè повеќе, вели Даниловски.

– Кај нас се случи кружење на вирусот внатре во нашата територија во природниот циклус меѓу комарците и птиците како природни резервоари. Значи случаите што се кај нас се веќе автохтони, наши, не се увезени. Кога се планирани календарските дезинсекции, премногу се инсистираше на аерозапрашување или аеропрскање. Во ситуација кога имаме тигрести комарци сè повеќе, аеропрскањето не значи ништо. Тие се лоши летачи, тие се при дното на тлото, во разни грмушки, итн. и тука одозгора не им можете ништо. Тука единствено доаѓа предвид онаа терестрична, локална дезинсекција, изјави Даниловски за телевизија Телма.

Мерките што сега се преземаат, според Даниловски, не се превентивни, туку противепидемски мерки.

Од вчера прогласена е епидемија во Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром, Бутел и Илинден, како и во населбите Драчево, Пржино, Долно Лисиче, Кадино и Јурумлери.

Здраствените власти велат нема место за паника, потребна е само поголема внимателност кај граѓаните кои треба да преземат мерки за лична заштита.

ПредходнаДаниловски: Не му можеш ништо на тигрест комарец со аеропрскање. Тој е ниско,лош летач е
СледнаКинески експериментален воз забрзува од 0 до 800 км/ч за 5,3 секунди