Драматични сцени се одвиваат на Халкидики, каде големиот пожар во областа Сивири предизвика сериозни штети, а според сведоштвата на локалните жители, огнената стихија зафатила и уништила повеќе куќи.

Жителите со неверување гледаат како пламените јазици се приближуваат до нивните имоти, додека дел од нив веќе останале без своите домови.
Особено потресно е сведоштвото на еден од жителите, кој во очај изјавил дека во пожарот го губи својот дом, но стравува и за своите кучиња.
Евакуирани туристи и жители од Сивири каде беснее шумски пожар
На терен се распоредени силни противпожарни сили. Според последните објавени информации, во еден момент интервенирале 122 пожарникари со 41 возило и три пешадиски екипи, а од воздух дејствувале девет авиони и три хеликоптери.
Во гаснењето има и повредени пожарникари. Двајца биле пренесени во болница, а еден од нив се здобил со скршеница на ногата по пад на тешко пристапен терен.
Телефонски броеви на кои може да се обратат македонски државјани заглавени на Халкидики




