дома Граѓански Пред налет на пожар од манастир во Шпанија евакуирани останки од средновековни...

Пред налет на пожар од манастир во Шпанија евакуирани останки од средновековни кралеви (ВИДЕО)

Останките од неколку средновековни кралеви се евакуирани од манастир во североисточна Шпанија, поради наближување на шумски пожар, кој веќе уништи околу 8.000 хектари површина.

Евакуирањето на останките на кралевите на средновековното Кралство Арагон и нивните семејства – Рамиро Први, Санчо Први и Педро Први, кои живееле во 11-от и почетокот на 12-от век, од Кралскиот пантеон во манастирот Сан Хуан де ла Пења, го извршија членови на единица за итни случаи (УМЕ) на шпанската Армија и тим од Генералниот директорат за култура и наследство на Шпанија од Кралскиот пантеон во манастир Сан Хуан де ла Пења, во Автономниот регион Арагон. Првите кралеви на средновековното Кралство Арагон и нивните семејства се погребани во тој простор: Рамиро I, Санчо I и Педро I (11-ти и почеток на 12-ти век).

УМЕ објави снимки кои покажуваат како на безбедно место во Покраинскиот музеј на Хуеска се пренесуваат проѕирни кутии што содржат черепи и остатоци од коски. Покрај останките, од манастирот во музејот се пренесени и голем број слики и други предмети кои имаат карактер на културно наследството.

Шпанскиот весник „Ел Паис“ објави дека пожарот сега се заканува да зафати регион со „огромна историска и културна вредност“, меѓу кои и стариот манастир Сан Хуан де ла Пења, кој е еден од најважните манастири на средновековното Кралство Арагон. Манастирот, кој се наоѓа под карпа и е граден во неколку фази.

Покрај овој, под закана од пожарот е и новиот манастир Сан Хуан де ла Пења, кој се наоѓа недалеку од стариот. Новиот истоимен манастир е изграден откако стариот изгорел во пожар во 17-от век. Кон крајот на 18-от вел стариот манастир била обновен во неокласичен стил.

Инаку, поради пожарот, што избувнал во реонот јужно од манастирот, спроведена е евакуација и на речиси 900 луѓе од 12 села, како и на туристите од еден камп.

Вчера, во попладневните часови пожарот речиси бил ставен под контрола, но синоќа тој повторно се разгорел ширејќи се кон градот Хака.

Под сомнеж за подметнување на пожарот, ппанската полиција вчера уапси еден 28-годишен маж.

ПредходнаАмериканскиот Uber и кинескиот Pony.ai планираат повеќе од 2.000 роботакси низ Европа
СледнаПет македонски семејства побарале помош при евакуација пред пожарите во Грција