Од непристапен терен над Мало Езеро на Пелистер попладнево е спасено повредено лице кое имало скршеници на двете потколеници. Повреденото лице било во свесна состојба, но при движење имало крварење.
Поради непристапноста на теренот, била побарана и воздушна поддршка за транспорт, но во меѓувреме, тимот на ДЗС Битола успеал да стигне и со теренско возило започнал транспортот.
Во 13:45 часот, екипите на ДЗС Битола и Националниот парк „Пелистер“ се пресретнале кај м.в. Ловечка Куќа, каде што лекар од Итната медицинска помош Битола му укажал медицинска помош на повредениот по што ќе биде транспортирано до Инфоцентарот на Пелистер, каде што ќе биде преземено од екипа на Итната медицинска помош Битола и транспортирано до Клиничката болница во Битола за понатамошно лекување.
Повикот за помош е примен во 12:04 часот преку Единствениот број за итни повици 112.




