
Верувам дека треба намерно да елиминираме 30 до 40 жители на Газа секоја вечер, дури и ако не претставуваат конкретна закана, изјави израелски министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир при гостување во подкаст.
„Тие се луѓе кои не се достојни за живот, па затоа не треба да живеат. Тие не се човечки суштества. Веќе им оддавам комплимент нарекувајќи ги така. Тие страдаат и јас сум среќен поради тоа“, наведе Бен-Гвир,
Во разговор со водителот на подкастот Ром Браславски, Бен-Гвир одново ги презентира своите планови за Газа, нагласувајќи дека не се согласува со неодамнешните договори за потенцијалниот крај на конфликтот во Појасот.
„Газа мора да биде избришана од картата“, изјави Бен-Гвир, додавајќи дека за тоа разговарал и со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Водителот Ром Браславски, кој беше киднапиран од Хамас на 7 октомври 2023 година и беше ослободен дури по две години, во подкастот се повикува на контроверзниот закон што израелската Влада го одобри кон крајот на март, кој предвидува дека луѓе што „убиле Израелци со намера да му наштетат на Израел“ може да бидат обесени.

„Сега ве гледам право во очи, драги министре, и ве прашувам: дозволете ми да бидам оној што ќе ги обеси жителите на Газа. Ќе ги погубам со свои раце, секој терорист во израелската држава“, изјави Браславски.
На ова Бен-Гвир возвраќа дека „ќе го преврти светот наопаку за да го овозможи тоа“.
„Еден од моите најголеми соништа е да ве видам како го правите тоа. Тие не заслужуваат да живеат, во право сте“, рече Бен-Гвир.
Понатаму, Бен-Гвир повторно се осврнува на изградбата на еврејски доселенички населби во самата Газа.
„Според мене, Газа е целосно наша. Сакам населби низ цела Газа… Ќе ја охрабриме имиграцијата колку што е можно повеќе и ќе ги испратиме жителите на Газа во нивните арапски земји, додаде министерот.
Инаку, Бен-Гвир не е единствениот израелски министер кој се залага за изградба на доселенички населби во Газа. Такви идеи дадоа и министрите за финансии и за одбрана Безалел Смотрих и Израел Кац.




