Преодна дестабилизација на времето се очекува денес во попладневните часови за кога се најавува пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18 степени, а максималната од 30 до 38 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност претпладне, а попладне во делови од котлината ќе има услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 35 степени.
Во среда претежно во планинските региони ќе има услови за појава на нестабилност, а веќе од четврток повторно следува период на многу топло време. За време на викендот дневната температура се очекува наместа да надмине 40 степени.




