
Турција, која има втора најголема армија во НАТО и се граничи со Иран, постојано повикува на прекин на војната меѓу двете завојувани страни.
„Ердоган изјави дека е од голема важност да се спроведе максимална дипломатија во врска со тензиите меѓу Иран и Соединетите Американски Држави, дека се надеваме дека разговорите ќе продолжат и дека Турција ќе продолжи да ги поддржува мировните напори“, соопшти турското претседателство.
Војната во Газа и регионалните сојузи
Турското претседателство додаде дека двајцата претседатели разговарале и за војната во Газа, за одбранбениот пакт што заеднички го потпишаа Турција, Саудиска Арабија и Пакистан, како и за билатералните односи.
Ердоган му рече и на Трамп дека израелските напади врз Палестинците во Газа почнале да се интензивираат во време кога втората фаза од мировниот план на Трамп требаше да стапи на сила.




