Единаесет возачи се санкционирани за „безобѕирно управување со возило“ во текот на изминатото деноноќие на цела територија на државата, а од нив 8 возеле без возачка дозвола. Меѓу нив, имало и еден малолетник.
Двајца возачи возеле под дејство на алкохол, при што еден од нив предизвикал сообраќајна незгода, додека еден возач управувал возило и покрја тоа што имал активна забрана.
По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит, под дејство на алкохол или за време на изречена забрана за управување со возило. Со одговорно однесување сите заеднички придонесуваме за поголема безбедност во сообраќајот, велат од МВР.

