Потрошувачките и станбените кредити биле најактуелни кај граѓаните во јули, покажуваат податоците што денеска ги објави Народната банка. јавно достапните податоци покажуваат месечен раст и на потрошувачките и на станбените кредити и тоа за 1,3 проценти и 1 процент.
Кај автомобилските кредити е забележано месечно намалување од 0,3 проценти.
На годишна основа, вкупните кредити забележаа раст од 13,3 проценти што во поголем дел произлегува од зголемените кредити на корпоративниот сектор, при раст и на кредитирањето на секторот „домаќинства“.
Раст бележат и депозитите од 8, 8 проценти којшто во поголем дел се должи на зголемените депозити на секторот „домаќинства“, при позитивен придонес и на депозитите на корпоративниот сектор.

