Денеска ќе биде поставен камен темелникот за изградба на автопатот Скопје – Блаце кој треба да биде изграден за четири години.
Новата делница ќе биде долга 10,5 километри и планирано е да има пет тунели и девет мостови. Договорот беше потпишан во јули меѓу јавното претпријатие за државни патишта и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).
Вредноста на проектот е речиси 200 милиони евра, од кои 30,8 милиони евра се грант од Европската Унија, а 167,6 милиони евра се кредит од ЕБОР.

