Македонија и Србија денеска ќе го официјализираат договорот за интерконекторско гасно поврзување. Договорот ќе биде потпишан во Скопје.
Премиерот Христијан Мицкоски во интервју за „Брајтбарт њуз“ изјави дека Владата планира до почетокот на 2028 година државата да биде поврзана со терминалот за течен природен гас во Александруполис и преку мрежата на интерконектори да овозможи транспорт на американски гас кон Србија и Централна Европа.
„Сега ги градиме интерконекторите што ќе ја поврзат земјата со Грција и практично тој гасовод ќе води до ЛНГ-терминалот во Александруполис. Имаме резервирано четири капацитети на терминалот. Но тоа нема да биде доволно, па затоа инвестираме и во северниот интерконекторски гасовод, кој ќе го поврзе нашиот национален гасовод со српскиот“, изјави Мицкоски.
Планираниот капацитет на гасоводот, според Мицкоски, е меѓу три и шест милијарди кубни метри годишно.

