Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денес и утре ќе учествува на 21. Бледски стратешки форум.
Во рамки на форумот, кој оваа година се одржува на тема „Моќта да ја обликуваме иднината“, Муцунски ќе биде говорник на панел-дискусијата „Геополитички превирања: Централна и Југоисточна Европа во свет на коридори, безбедност и проширување“, во рамки на која ќе бидат разгледани геополитичките трансформации што ги редефинираат меѓународните односи.
Покрај учеството во официјалната програма, шефот на македонската дипломатија ќе присуствува и на работен појадок со министрите за надворешни работи од регионот, на кој ќе се направи пресек на актуелните состојби и предизвици на Западен Балкан.
На маргините на настанот, предвидено е да оствари повеќе билатерални средби со колеги министри, како и со претставници на меѓународни организации, учесници и гости на форумот.

