Превозниците денес го одржаа предупредувачкиот протест пред Делегацијата на Европската унија со порака – ако не се најде решение за нивниот престој во Шенген зоната, ќе блокираат гранични премини.
Спорно, според нив, е како се пресметуваат деновите на нивниот престој во странство. Бараат престојот да им се брои во денови, а не во часови.
Денешниот протест е предупредувачки пред утрешната средба што треба да се одржи во Брисел и од која се очекува решение.
Ќе се организираме да блокираме граници. И при претходниот протест имаше ветувања за решавање на проблемот, но ништо конкретно не се направи, велат транспортерите.
Пред просториите на Делегацијата на ЕУ во Скопје беа паркирани дваесеттина камиони, а денешниот протест е во координација со нивните колеги од Западен Балкан.

