Не е добро, но очиглено е до колку нема рекација дека и ова покрај ВЕТОТО се поставува како ЕУ стандард.
Шестмина пратеници од бугарското Народно собрание денеска пристигнаа во Кочани за да го следат судското рочиште против Ива Михајлова, македонска и бугарска државјанка обвинета за тешко дело против безбедноста на сообраќајот по сообраќајна несреќа во која загинало едно лице.
На рочиштето присуствуваат пратениците Иван Голомеев, Бојко Младенов и Борислав Георгиев од „Прогресивна Бугарија“, Георг Георгиев и Красимир Терзиев од ГЕРБ, како и Елисавета Белобрадова од „Демократска Бугарија“, која е и заменик-претседателка на парламентарната Комисија за политиките за Бугарите во странство.

Бугарските пратеници најавија и го следат текот на постапката, со образложение дека сакаат да се уверат дека Михајлова има право на фер судење и дека ќе ѝ биде овозможено потребното медицинско лекување. Нивното присуство е политичка иницијатива на неколку бугарски парламентарни групи, а не дел од судската постапка.
Михајлова е обвинета по сообраќајната несреќа што се случила на почетокот на октомври 2025 година, во која едно лице загинало, а неколкумина биле повредени, меѓу нив и самата Михајлова. По несреќата нејзините патни исправи биле одземени, поради што таа не може да замине на лекување во Бугарија.
На 20 август Апелацискиот суд во Штип ја потврди одлуката на Основниот суд во Кочани со која не ѝ беше дозволено привремено да ја напушти Македонија за лекување. Бугарското Министерство за надворешни работи реагираше на одлуката, оценувајќи дека не било дадено доволно значење на медицинските наоди за нејзината здравствена состојба.
На денешното рочиште се очекува да бидат сослушани експерти кои изработиле две различни и, според бугарските извори, меѓусебно спротивставени вештачења за случајот. Пред почетокот на рочиштето пред судот во Кочани се собраа роднини и граѓани кои ѝ даваат поддршка на Михајлова.

Паралелно, во Софија за денеска е најавен протест пред македонската амбасада, организиран од Фондацијата „Македонија“, со барање Михајлова да добие можност да го продолжи лекувањето во Бугарија.
Според сите демократски и европски стандарди и владеење на правото , за кое има толку забелешки на нашата држава на европскиот пат, Софија со овој чин покажува дефинитивно дека не прави разлика помеѓу право, правда и политичко -партиски интереси, и го става и македонското правосудство во ситуација да мери и премерува , не според словото на правото туку според артискикото , ВО СЛУЧАЈОВ еу ПРИСТИСОК. Засега НЕМА никакви РЕАКЦИИ од Брисел дека ова е мешање и раздразнување ако ништо друго на доброседските односи.
Не е добро, но очиглено е до колку нема рекација дека и ова покрај ВЕТОТО се поставува како ЕУ стандард.
Европски по бугарски
Случајот го отворија и бугарски европратеници, кои побараа Европската комисија да го следи неговиот развој и да го земе предвид при оценувањето на напредокот на Северна Македонија во процесот на пристапување кон Европската Унија.
Претходно, на 4 август, мајката на Ива Михајлова, Христина Михајлова, била сослушана пред парламентарната Комисија за политиката кон Бугарите во странство. Таа презентирала информации за сведочењата и експертизите во предметот, кои, според одбраната, одат во прилог на нејзината ќерка.
Во однос на лекувањето, според БТА, мајката навела дека семејството во последните десет месеци петпати побарало Ива да продолжи со лекувањето во Бугарија. Таа, исто така, тврдела дека на нејзината ќерка ѝ бил одбиен пристап до рехабилитација во Штип.
На денешното рочиште во Кочани се очекува да бидат сослушани експерти кои изготвиле две спротивставени експертизи поврзани со случајот. Одбраната и обвинителството остануваат на различни позиции околу одговорноста за сообраќајната несреќа, а конечната одлука ќе ја донесе судот.

