За 238 илјади ученици во основно и средно образование денеска почнува новата учебна година која ќе трае до 10 јуни, освен за матурантите кои годината ќе ја завршат на 17 мај.
Новата учебна година ја започнуваат и 14.952 првачиња што е далеку помалку од бројот на првачиња што се запишувале изминатите години.
Оваа учебна година поради недостиг на ученици, времено се затвораат 26 подрачни училишта, а со оптимизација на мрежата укинати се 433 паралелки.
Во образовниот систем ќе имаме 433 паралелки помалку годинава – 222 во основното образование и 211 во средното, изјави министерката за образование Весна Јаневска, нагласувајќи дека ниеден редовно вработен наставник нема да биде отпуштен.
Годинава во 620 од вкупно 1.023 училишни објекти е воведена едносменска настава, а во тек е проширување на капацитетите на 14 училишта во Скопје и Градско.
Новата учебна година започнува со навремено набавени и испорачани учебници.

