Таксист синоќа ја загубил контролата врз автомобилот и се забил во оградата на мостот на булеварот „Србија“ во Скопје кај хотелот „Дабл три бај Хилтон“, објави порталот „Њуз24лајв“.
Како што објавија повеќе медиуми на фотографијата од несреќата се гледа такси-возилото, чиј преден дел целосно ја пробил оградата и виси од мостот.
Засега нема информации за тоа дали и колку возачот е повреден, како ни за тоа дали во несреќата има други повредени луѓе.

