Министерот за здравство Сашо Клековски апелира до родителите да ги вакцинираат децата против морбили за да се превенира можна епидемија откако значително порасна бројот на заболени во Косово и Бугарија.
Опфатот на вакцинација е релативно низок – 62 проценти, ова го кажуваат од Институтот за јавно здравје. Ова го кажувам бидејќи во моментот расте бројот на случаи со морбили во Косово и Бугарија. Имаме причина веќе да почнеме со ова алармирање и ќе се обидеме во наредните денови и недели преку повеќе активности да ги мотивираме граѓаните да ги вакцинираат децата против морбили, односно да се зголеми опфатот за да превенираме можна епидемија на морбили во државата, изјави денеска Клековски.
Извештајот за 2025 година покажува дека за ниедна од вакцините што се во редовниот календар за прва доза од вакцината нема достигнато посакуван опфат од 95 отсто.

