Прекинот соочија илјадници корисници на „Мајкрософт Аутлук“ низ целиот свет при користењето своите поштенски сандачиња е решен во голема мера, соопшти софтверската компанија во објава на социјалните мрежи.
Компанијата „Мајкрософт“ во соопштението посочува и дека корисниците би можеле сè уште да има проблеми при користењето на функцијата за пребарување.
Проблемот со „Аутлук“ беше регистриран вчера околу 18 часот, кога речиси 6.000 корисници пријавија прекини и неможност за користење на апликацијата. Пријави за проблеми продолжиле да пристигнуваат до утрово.
Корисниците не можеа да се најават на апликацијата или да читаат и испраќаат мејлови. Стануваше збор за глобален прекин.
„Мајкрософт“ синоќа го потврди прекинот, посочувајќи дека проблемот настанал со „компонента за автентикација“, без да прецизира за што точно станува збор.
Според „Мајкрософт“, проблемот сега во голема мера е решен и корисниците повторно имаат пристап до своите поштенски сандачиња.

