Тежок пожар денеска изби во атарот на селата Локов и Буринец во Струга каде постои опасност да се прошири на квалитетна шума. На терен се испратени повеќе екипи од Национални шуми кои работат на ставање под контрола на овој пожар.
Се размислуваше за користење хеликоптер за гаснење, но во топлите часови од денот неговата употреба е ограничена. Упатени се повеќе екипи на Национални шуми кои се обидуваат да го стават под контрола овој пожар, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.
Вчера доцна попладнето избил пожар и во атарот на штипското село Селце и денес се работи на негово ставање под контрола. На овој пожар е интервенирано и од воздух со полициски хеликоптер.
Ангелов информира дека регистрирани се 26 пожари на отворен простор апелирајќи до граѓаните на внимателност затоа што се уште има опасност од пожари поради сувата вегетација и високите температури.

