Сончево и топло ќе биде денес претпладне, а попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Управата за хидрометеоролошки работи најавува дека наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер, пороен дожд, грмежи и појава на град. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени.
Во Скопје, во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме проследено со пороен дожд, силен ветер, грмежи и можна појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 35 степени.
До почетокот на следната седмица времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во петок ќе дува засилен до силен ветер, претежно од северен правец.

