Откако по враќањето од летните одмори пратениците ја почнаа првата пленарна седница со рекордни 53 точки на дневен ред, денеска во Собранието се закажани дури 7 комисии и продолжението на 121. пленарна седница.
Според веб сајтот на Собранието, почнувајќи од 11:30 до 12:30 закажани се седум комисии и тоа за земјоделство, здравство, финансирање, култура, транспорт, социјална политика и Законодавно-правната комисија.
Продолжението на 121 седница е закажано за 14 часот, а таму на дневен ред се 53 точки од кои вчера беа разгледани околу седум.

