„Најновиот 15-дневен ECMWF IFS метеограм, комбиниран со ECMWF сезонскиот 51-член ансамбл, укажува дека почетокот на септември ќе помине во знакот на многу топло и претежно суво време.
До околу 10 септември температурите во Скопје ќе бидат значително над септемвриската климатолошка нормала. IFS прогнозира максимални температури најчесто околу 35–36°C, со можност за достигнување на 37–38°C околу 13–14 септември. Тоа е исклучително висок температурен товар за септември, имајќи предвид дека климатолошката средна максимална температура за Скопје е 26.5°C.
По 3–4 септември се очекува краткотрајно намалување на температурите, но најновиот сигнал покажува повторно затоплување веќе од 5 септември. Истовремено, сезонскиот ансамбл укажува дека топлиот период може да продолжи и во втората и третата недела од септември.
По долготрајниот топлотен бран, метеоролозите во Србија најавуваат долгоочекувана промена на времето и пад на температурите за речиси 20 степени во текот на овој месец.
„Ја следиме промената на времето на почетокот на втората декада од септември и пад на температурата за речиси 20 степени. Мораме да почекаме уште малку за точниот датум, во секој случај, топлината полека завршува, едвај чекам да ги објавам првите снежни врнежи на планините“, напиша тој во објава на својот Фејсбук профил.
Според Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ), додека да се случи најавената промена, следува период на сончево и релативно топло време.
„Денеска ќе биде претежно сончево и топло. Попладне во ридско-планинските подрачја на југозападна и јужна Србија, со локална облачност, ретка појава на краткотраен дожд или врнежи од дожд“, се нагласува во соопштението објавено околу 19 часот.
Од РХМЗ ги соопштија и деталите за движењето на температурите за следните денови.
„Ветерот ќе биде слаб и умерен, источен и североисточен, северозападен на исток и југоисток. Најниската температура ќе се движи од 14 до 19 степени, а највисоката дневна температура од 30 до 34 степени“, соопшти РХМЗ.
Во наредните денови до сабота температурите ќе се движат меѓу 30 и 33 степени, додека за време на викендот и на почетокот од идната недела се очекува повторен пораст над 35 степени. Поради тоа, метеоролошкиот завод издаде и предупредување.
„Со просечно мала количина на врнежи и високи температури, се очекува продолжување на периодот со изразен ризик од започнување и ширење пожари на отворено, со негативно влијание врз јавното здравје на населението, како и врз критичната инфраструктура, сообраќајот, транспортот, туризмот, земјоделството, сточарството и другите социо-економски сектори зависни од метеоролошките услови“, соопшти РХМЗ.

