Изложба инспирирана од атмосферата, луѓето и уметничката енергија создадена за време на настанот „Центарски улици 4 – Светски ден на уметноста на која ќе бидат претставени дела на студенти по ликовна уметност од АУЕ ФОН
Пред публиката се претставени слики создадени во живо за време на манифестацијата, како непосреден уметнички одговор на случувањата на улицата, каде што студентите, граѓаните и уличните уметници заеднички го одбележаа Светскиот ден на уметноста.
Настанот „Центарски улици – Светски ден на уметноста“ е дел од Годишната програма за култура на Општина Центар, а е реализиран од „Тим Театрос К“.
Според организаторите, изложените дела ја доловуваат динамиката на јавниот простор и улицата ја претставуваат како место за креативност, дијалог и слободен уметнички израз
фото: плакат

