Како и претходното деноноќие, така и изминатото приведени се 17 возачи за „безобѕирно управување возило“ од кои 12 возеле без положен возачки испит. Меѓу оние што возеле без положен возачки испит има од 16-годишни до 44 години.
Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 17 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од КЗ. Од нив, 12 управувале возило без положен возачки испит и тоа: М.И.(31) од тетовско, 17- годишник и 16- годишник од Скопје, С.Ј. (35) од Виница, Д.Г.(29) од Скопје, Б.Ј.(33) од скопско, Б.И.(19) од скопско, К.Ј.(24) од Скопје, 17-годишник од кочанско, M.Ш. (44) од Скопје, М.М.(21) од Тетово и 16-годишна малолетничка од Виница, информира МВР.
Исто така лишени се од слобода и Б.Б. (50) од струшко, Р.Д.(51) од Прилеп, Р.Ј. (56) од тетовско и А.Н. (39) од Прилеп кои возеле пријави, како и еден 27-годишник со иницијали П.Р. од Гостивар кој возел во спротивен правец на еднонасочна улица.

