Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов денеска доби „ладен туш“ од полицискиот хеликоптер кој беше ангажиран во гаснењето на пожарот на местото Рамно во близина на границата со Косово.
Се надевам дека нема да бидеме истуширани, но и тоа се случува понекогаш. Хеликоптерот го изгасна огнот зад нас, а во случајот јас сум колатерална штета, но поважно е да се заштити вегетацијата, се пошегува Ангелов додека објаснуваше како полицискиот хеликоптер истура прецизно вода над опожарено место.

