На територија на државата активни се осум пожари, а пет се под контрола. До 18 часот, според информациите на Центарот за управување со кризи, имало вкупно 24 пожари.
Се уште активни се пожарите меѓу селата Буринец – с. Локов – с. Селце – с. Елевци во општина Струга, кај селото Белица кон селото Брезница во општина Македонски Брод, кај селото Брест во општина Чучер – Сандево, кај селото Печково во општина Гостивар, кај селото Бенче во општина Македонски Брод, меѓу селата селата Пешталево и Секирци во Долнени, кај Љуботен пат во општина Бутел и на булеварот Илиденски пат во општина Карпош.

