На видео што се споделува на социјалните мрежи се гледа како маж фрла кеси отпад во реката Радика.
На видеото тој со комбе застанува на мост на реката Радика и вади вреќи со ѓубре и ги фрла во реката.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека работи на расчистување на случајот и идентификување на сторителот.

