До петок ќе се задржи сончевото и топло време, а веќе од сабота се очекуваат повремени врнежи од дожд и значителен пад на температурата.
Денес ќе дува лаб до умерен ветер од југоисточен правец,а попладне ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 30 до 35 степени.
Во Скопје, утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе достигне до 34 степени.
За време на викендот поради влијание на циклонска активност локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни, проследени со грмежи и засилен северен ветер.

