Институтот за јавно здравје излезе со најнови информации за состојбата со западнонилска треска. До 8 август официјално имало 58 случаи од кои 54 се потврдени, а четири се водат како веројатни.
Најголем дел од заболените се мажи (46), а само 12 се жени. Повеќето заболени се над 60 години. Најмногу заболени има во Скопје, но Институтот за јавно здравје регистрира случаи и во Велес, Куманово и Свети Николе.
Починати се осум лица и сите се од Скопје.
Западнонилската треска коси меѓу мажите, најризични оние над 60 години

