Скопје Сити Мол од денес до недела ќе биде домаќин на Деновите на филигран посветени на промоција и зачувување на филигранството како еден од традиционалните занаети.
Во текот на трите дена, посетителите на Скопје Сити Мол ќе имаат можност одблиску да се запознаат со уметноста на филигранот, да ги видат уникатните рачно изработени производи на филигранџиите и да дознаат повеќе за техниките, знаењето и вештините што стојат зад нивната изработка.
Настанот го организира Занаетчиската комора со финансиска поддршка на Град Скопје.

