Над 20 дуќани со текстилна и друга стока се опожарени во пожарот што ноќеска избувна во Шуто Оризари. Нема повредени лица.
Министерството за внатрешни работи излезе со детали за случајот.
Околу 3.20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари биле опожарени над 20 дуќани со текстилна и друга стока, сопственост на С. С., кој ги има дадено под закупнина. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита – Скопје. Повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Пожарот го гаснеле 15 пожарникари со шест противпожарни возила.
МВР со детали: Над 20 дуќани опожарени во Шуто Оризари

