По ВЛЕН, и ВМРО-ДПМНЕ го објави својот кандидат за градоначалник на предвремените избори в Брвеница. Стојанчо Радичевски е предлогот на партијата за изборите што ќе се одржат на 18 октомври.
На редовна седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ едногласно беше изгласан кандидатот за градоначалник на општина Брвеница на претстојните вонредни локални избори Стојано Радичевски. Тој е актуелен претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница. Стојанчо Радичевски дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и е магистер по граѓанско право, соопшти вечерва ВМРО-ДПМНЕ.

