Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во следните две до три недлеи би можела да ја посети Македонија. Посетата, според евроамбасадорот Михалес Рокас, би била дополнителен поттик за европската интеграција на државата.
Во изминатите неколку месеци сите работиме напорно за да се случи тоа. Се надевам дека наскоро ќе имаме регионална посета од претседателката на Европската комисија. Таа би требало да се реализира во следните две до три недели и навистина се надевам дека ќе биде одлучувачки чекор кон започнување на пристапните преговори со Европската Унија, изјави денеска Рокас.
За можноста уставните измени да бидат со одложено дејство како решение за деблокирање на европскиот пат на земјава, Рокас не сакаше да коментира ништо посочувајќи дека во моментот не може да сподели детали.

